акцептираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
прифати, прифаќа, прими, прима, усвои, усвојува
Примери:
Авторот постојано ги акцептира промените во духовниот живот на времето.
кабулат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сака, прифаќа, се согласува, дава дозвола за нешто.
Примери:
Ќе се вратиме, ако кабулиш.
нафатат
Вид збор: Глагол, свршен
(се нафати) Прифати нешто, се зафати со некоја работа.
Примери:
Кога не можеш, што си се нафатила да ги чуваш децата!?
преземат
Вид збор: Глагол, свршен
Прими, прифати нешто од некого, од некаде.
Примери:
Црвениот крст ги презеде бегалците.
претпостават
Вид збор: Глагол, свршен
Помисли или прифати нешто како можност или претпоставка.
Албански:
supozoj, pranoj
Примери:
Ако претпоставиме дека си во право, тогаш тешко нас.
признаат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде согласност, прифати или одбие нешто што е во согласност со некаков ред.
Албански:
akceptoj, pranoj
Примери:
Долговите направени на мое име не ги признавам.
примаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Презема, прифаќа нешто туѓо.
Албански:
pranoj, akceptoj
Примери:
Народот тешко ги прима новите производи.
Сфаќа нешто како факт, како вистина и свикнува на тоа.
Примери:
Неговите лаги тој ги примаше како вистина.
Прифаќа, усвојува, одобрува нешто.
Албански:
pranoj, akceptoj
Примери:
Неговиот син со задоволство ги примаше неговите совети.
примат
Вид збор: Глагол, свршен
Прифати, воведе, вклучи во свој состав, зачлени.
Примери:
Него го примија во подмладокот на фудбалскиот клуб.
Стане следбеник на некоја религија.
Примери:
Тој го прими христијанството.
Сфати нешто како факт, како вистина.
Примери:
Смртта на детето, мајката не можеше да ја прими како вистина.
Преземе, прифати нешто што му се предлага.
Примери:
Ја прими дожноста за амбасадор.
Прифати, одобри, усвои нешто.
Примери:
Тој прими совет од лекарот.
прифатат
Вид збор: Глагол, свршен
Усвои предлог, понуда одлука.
Примери:
Тој прифати да ја врши оваа функција.
сложат
Вид збор: Глагол, свршен
(се сложи) Заемно се согласи.
Примери:
Сите се сложија да одат на базен.
усвојат
Вид збор: Глагол, свршен
прифати, одобри
Албански:
akceptoj, miratoj
Примери:
Предлогот беше наскоро усвоен.